Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос.
Традиционално, во земјава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна света литургија.
Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов на проповедта на литургијата упати честитка до граѓаните со католичка вероисповед.
Божиќ, заедно со Велигден и Денот на душата, е еден од трите најголеми христијански празници. Централниот чин на божиќната прослава е полноќната миса.
Овој празник има значајна симболика и е препознаен и во католичката и во православната традиција, иако датумите на прославата се разликуваат поради употребата на различни календари.
Западните христијани, кои го користат Грегоријанскиот календар, го слават Божиќ на 25 декември, додека православните цркви, кои го следат јулијанскиот календар, го слават празникот на 7 јануари.






