Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков зеде учество на дводневниот настан „РеСПА Академија за интероперабилност 2024“ кој во Велес.
Како што информираат од Министерството за европски настанот бил организиран за да поттикне размена на знаења, искуства и најдобри практики за унапредување на интероперабилноста во Македонија.
-Во своето обраќање, заменик-министерката Трајков истакна дека интероперабилноста е клучен сегмент за ефикасно функционирање на јавната администрација и за успешна дигитална трансформација, која е еден од приоритетите на реформската агенда на Северна Македонија.
Таа посочи дека унапредувањето на размената на податоци и соработката меѓу институциите е неопходно за обезбедување на транспарентни и достапни јавни услуги за граѓаните, соопшти МЕП
На Академијата се дискутирало за рамката за интероперабилност на ЕУ и усогласувањето со националните политики, за развојот на услуги за е-влада преку подобрена интероперабилност и успешни примери од Европската Унија и Македонија.
-Заменик-министерката Трајков ја нагласи важноста на ангажманот на сите засегнати страни – од носителите на одлуки до оперативното ниво – во спроведувањето на интероперабилноста.
<





