Украсувањето на Тетово за Нова Година било – луксуз (ВИДЕО)

Трета година по ред во Тетово не се одбележува доаѓањето на Новата Година.



„И оваа година општина Тетово нема да го украси градот бидејќи нема доволно фондови и не го гледа ова нешто како приоритет“, велат од  општина Тетово тврдат дека буџетот на општината не дозволува еден таков луксуз, пишува ТВ21.

Но, според порталот, граѓани мислат поинаку:

„…Ниту една религија не спомнува дека Новата Година е верски празник или дека ја сметаат за света. Кажав дека поради децата треба да се направи разубавување на градот, за тие да уживаат и да го почувствуваат годишниот циклус што минува“.

„Мислам дека да, треба да се украси ако има буџет. Како што се прави секоја година, така треба да се прави и сега, а ако нема буџет тогаш нема ништо“.