(Фото): Ќе ги дочуваат ли граѓаните електричните возила, или ќе ги фрлаат в река како тротинетите?!

Нов предизвик за скопјани. Со цел да се спречи загаденоста, Владата, односно, Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ставија потпис со намери за поддршка на реализацијата на проектот „100% електрично споделување на автомобили во Скопје“.



Надлежните соопштија дека се работи за приватна инвестиција на компанијата „Авант2Го“ од Словенија. Пилот проектот првично ќе се реализира во општините Гази Баба, Аеродром и Чаир. Цените за оваа услуга ќе се движат од 3 евра за 30 минути до 6 евра за 1 час.

  • Како што можете да видите на првата фотографија, во Скопје веќе имаме 100 чисто електрични автомобили. Многу е едноставен за користење. Потребна ви е апликацијата на вашиот телефон, а оваа апликација е клучот за секој автомобил што ќе биде на пат. „Преку оваа апликација дознавате дали има пристапен автомобил, резервирате, го отворате и го возите автомобилот. Откако ќе заврши патувањето, оставете го автомобилот на одреденото место, заклучете го автомобилот со апликацијата и плаќањето се врши автоматски“, изјави Матеј Ќер, претставник на компанијата.

Тест фазата ќе почне во февруари, а во март ќе може да се почне со целосната услуга, велат од Владата. Гази Баба, Аеродром и Чаир ќе бидат пилот општини каде ќе биде поставена инфраструктура за полнење на возилата.

Министерствата ја изразуваат својата подготвеност за соработка со општините, јавните институции и приватниот сектор за побрзо и поефикасно спроведување на оваа иницијатива, која има потенцијал да го позиционира Скопје како лидер во одржливата урбана мобилност во регионот.” Оваа иницијатива ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на сообраќајниот метеж и развој на модерни транспортни решенија кои се енергетски ефикасни и достапни за сите граѓани.

  • Потпишувањето на писмото за намери за поддршка на системот за споделување на електрични автомобили претставува конкретна и видлива акција за решавање на еден од најитните предизвици со кои се соочуваме, загадениот воздух. „Ова е можност за поздраво и поеколошко Скопје“, додаде Меџити.

Претходно, сообраќајната некултура на граѓаните немаше граница. Електричните тротинети за изнајмување кои се поставија низ Скопје, како алтернативно еколошко превозно средство, станаа мета на вандали кои несоодветно се однесуваа кон нив.

На социјалните мрежи осамнаа фотографии од уништени, украдени или фрлени електрични тротинети на турската компанија „BinBin“, која на ЈП „Градски паркинг“ му изнајми 500 електрични тротинети за жителите на Скопје.