Ахмети се заканува: Мицкоски да не си игра со Охридскиот договор, тоа може да активира други опции, кои нема да му се допаднат никому!

„Христијан Мицкоски мора да знае дека не може да си игра со постигнувањата на Охридскиот договор, бидејќи таа негова игра може да стави во функција други опции, кои нема да им се допаднат на ниедна страна!“ – со ваква старо-нова закана се огласи денес лидерот на ДУИ Али Ахмети на предновогодишната средба со медиумите во Тетово. Ова го објави ТВ Клан Македонија.



Натаму телевизијата објавува: Истакнувајќи дека „оваа влада не е создадена согласно со волјата на народот, туку онака како што му се допаѓало на премиерот Мицкоски“, Ахмети дополни дека „коалицијата ВЛЕН за лични интереси ги загрозува албанските достигнувања“, па затоа, според него, „тие треба да размислат за нивните постапки“.