Министерот за внатрешни не сака да шпекулира каде се наоѓа Артан Груби, но битно е дека е распишана меѓународна потерница по него кој тврдеше дека е чист е како солза и дека нема сторено никакво кривично дело.
„Добро е, ако е така, да се врати во Македонија, да се соочи со сите оние обвинувања кои што како такви ги доставивме до Јавното обвинителство, кое отвори истрага и добро е да секој еден којшто е соочен со лицето на правдата да го докаже тоа во содветна процесна постапка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на вечерашното гостување во Тема на денот на Сител телевизија.
Меџити: Артан Груби не е во Косово, туку во Албанија
Додаде уште дека е добро и што Демократската унија за интеграција се огради од „бегалецот од правдата“.
„Се надевам дека во иднина ќе се оградуваат од сите оние бегалци од правдата, ако ги има такви, кои што наместо да се соочат со она кое што душмански го краделе македонскиот народ во минатото, соодветно во рамки на една процесна правда, ги охрабрувам да се оградуваат од сите оние потенцијални криминалци за кои што во соодветна постапка треба да се докаже дека душмански го краделе македонскиот народ, но лошо е кога се обидуваат да ја манипулираат јавноста“, рече Тошковски.






