Полска се закани дека ќе го уапси Нетанјаху доколку…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе биде уапсен доколку пристигне во Полска на настанот по повод 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи, Владислав Бартошевски.



Полските власти ќе постапат во согласност со обврските на земјата кон Меѓународниот кривичен суд.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на израелскиот премиер во ноември. Тој е обвинет за воени злосторства при инвазијата на Појасот Газа

Бартошевски нагласи дека Израел е известен и Нетанјаху нема да учествува на настанот, кој се слави на 27 јануари секоја година, на денот кога беше ослободен логорот на смртта Аушвиц.

Се уште не е јасно дали Израел ќе го испрати министерот за надворешни работи Гидеон Сар во Полска или ќе го игнорира настанот.