(Фото): Протече водата низ цевките, скопјани добиваат вода – некаде и матна

Протече водата низ цевките, скопјани добиваат вода – некаде и матна, но се очекува нормализирање на состојбата. Завршија активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна викедов (сабота) во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. Операција беше во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа.



Со оваа модернизација се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.

Над 160 вработени во „Водовод“ работеле на дефектот на главниот цевковод во Скопје.

Согласно оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600 мм, Сектор Водовод со ангажирани повеќе од 160 стручно вработени меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оперстори и возачи на специјални возила, ВКВ автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ка вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот ги подготовија и завршуваат согласно планот за постапување со механизација, алат и пумпи.

Во време кога половина населени места во Македонија токму поради ненавремена санација на водоводите со денови и недели граѓаните немаат вода, а особено во летните месеци, нашиот тим на ЈП Водовод и Канализација Скопје согласно сложен детален оперативен план, успешно го решава еден од критичните децениски проблеми со кој воедно се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.