Со 93 отсто муслимани, Косово меѓу земјите со најголем процент исламски верници во светот

Според овогодишниот попис во Косово, чии првични резултати беа објавени вчера, 93 отсто од населението се изјасниле дека се од исламска вероисповед, со што се вброи меѓу земјите со најголем процент муслимани во светот, објави порталот „кос_дата“.



Од вкупно околу 50 држави во светот со мнозинство муслимани неприкосновено прв е Мароко со 100 проценти, пред Авганистан и Сомалија со по 99,7 отсто, Иран и Тунис со по 99,5 отсто, Ирак, Јемен и Мавританија со по 99,1 отсто итн.

Во апсолутни бројки, најмногу муслимани во светот, вкупно 229,6 милиони, живеат во Индонезија, втор е Пакистан со 200,5 милиони, трет Бангладеш со 153 милиони итн.