Османи: Се уриваат темелите на Р*М и се дестабилизира со укинување на правата на Албанците! – Таравари: Не се кршат нашите права!

„Претседателката на Косово Вјоса Османи на заедничката пленарна седница на парламентите на Косово и Албанија, одржана во петокот, нагласи дека од суштинско значење е Албанија и Косово да ја усогласат својата надворешна политика и да соработуваат во одбраната на независноста на Косово, како и за заштита на правата на Албанците, без разлика каде живеат. Miнистерот за здравство Арбен Таравари за албанскиот портал ‘Албанијанпост’ изјави дека претседателката Османи е понекогаш жртва на лажни информации. Таравари уверува дека нема никаква опасност од кршење на правата на Албанците во * Македонија.“ – пренесе ТВ 21.  Инаку, на заедничката пленарна седница на парламентите на Косово и Албанија поконкретно Вјоса Османи го имаше изнесено следното тврдење: „Постојат и натаму тенденции да се урнат темелите врз кои постои * Македонија, за да се дестабилизира таа, преку отстранување на правата, кои веќе ги стекнале Албанцитe како конститутивен народ на таа држава.“ Со својата најава на заедничката седница на парламентите на Косово и Албанија дека „ќе работи на поддршка на безбедноста на Албанците во Македонија“ косовскиот премиер Албин Курти изврши директно мешање во внатрешните работи на Македонија, а тоа истото го направи и Вјоса Османи со претходно споменатата изјава, во која ги прогласи македонските Албанци дури и како „конститутивен народ на државата“, што значи и како „државотворен народ“, што воопшто не е точно.



Во својата вест ТВ 21 дополнува: „Ја известувам Вјоса Османи со задоволство дека Албанците штотуку ги добија првата, кои им беа кршени во последните 22 години.“ – кажа Таравари.“

„Претседателката на Косово Османи пред еден месец се огласи со став дека секој обид за кршење на правата на Албанците во * Македонија ќе наиде на силен отпор и силно единство од Албанците од целиот Западен Балкан.“