Македонка анестезиолог меѓу лекарите кои вчера спасувале животи во Магдебург

Покрај двајцата лекари од Македонија на кои јавно им се заблагодари македонската амбасада во Берлин меѓу хероите кои вчера спасувале животи по терористичкиот напад во Магдебург има и една жена лекар од Македонија.



Елена Јовановска е лекар анестезиолог која вчера не била на смена но доброволно отишла да помогне на тријажа на над 70 тешко поведени луѓе кои беа прегазени на Божиќниот панаѓур во Магдебург.

Извори во македонската заедница во Магдебург велат скромната Елена е по потекло од скопското село Стајковци а пред заминување за Германија работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) на скопскиот клинички центар.

Анестезиологот Јовановска самата сакала да го посети Божиќниот панаѓур во Магдебург а кога разбрала што се случило веднаш се упатила да им помогне на своите колеги во болницата каде биле примени најголем дел од повредените во терористичкиот напад.

Кои се другите двајца лекари Македонци кои помагале во приемот на тешко повредените

Македонски доктори несебично помагаа на настраданите во нападот во Магдебург

Последни вести

Опасност од нов дебакл

Најнова анкета покажува дека Мицкоски води 7:1 пред Филипче