Експлозив и оружје е најдено во Арачиново, во дворот каде со багери се копа со денови. Неофицијално, полицијата на терен пронашла 14 гранати и 200 грама експлозив.
Се докажаа сомневањето дека групата Беланоца-Барон криела пари и оружје. Во целата акција беше вклучена Армијата.

Досега беа запленети поголема количина оружје, милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети.

Инстражните органи и натаму работат на прибирање докази за сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога.
Акцијата продолжува, а неофицијално вакви заплени се очекуваат и во наредните денови.






