Поранешен шеф на француската држава, Никола Саркози ќе се жали во Судот за човекови права откако највисокиот апелационен суд во Франција ја потврди пресудата за корупција и тргување со влијание, наложувајќи му да носи електронска алка една година.
Саркози ќе ги почитува условите на казната по одлуката на Касациониот суд, изјави неговиот адвокат Патрис Спиноци за француската новинска агенција АФП.
Но, тој ќе го поднесе случајот до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во рок од неколку недели, додаде Спиноци.
Жалбата до ЕСЧП во Стразбур нема да го спречи извршувањето на казната во среда.
Санкцијата стапува на сила бидејќи Саркози ги исцрпи сите правни опции кои му стојат на располагање во Франција.
Спиноци рече дека е „тажен ден“ кога „од екс-претседателот се бара да преземе акција пред европските судии за да ја осуди државата со која некогаш раководел“.
„Сакам да ја потврдам мојата целосна невиност“, рече Саркози по судењето, додавајќи дека нема да ја прифати „длабоката неправда“ по пресудата на судот.
Саркози (69) отсекогаш тврдеше дека е невин, а неговиот адвокат рече дека „нема да се откаже од оваа борба“.





