И покрај временските услови во овој период, работите во Коридорот 8, поточно во делот од Гостивар до Букојчани, се одвиваат со забрзан интензитет.
Машинеријата на компанијата Бехтел и Енка која ги изведува градежните работи на коридорот 8 и 10Д работат на седмиот километар од Гостивар – пренесува ТВ21.
Во моментов се градат два моста, еден на петтиот и на седмиот километар. За кратко време се очекува да почне да се работи и на мостот на осмиот километар.
Од Бехтел и Енка велат дека внимаваат и на селата кои се околу околината каде што се гради, поконкретно жителите се информираат за работите.
Коридорот 8 е долг 110 километри. Тој е поделен на четири делници и тоа првата делница Тетово-Гостивар, втората делница Гостивар-Букојчани, третата е делот Прилеп-Битола и четвртата делница Струга-Ќафасан.
Целиот прилог на ТВ21





