Само неколку дена откако стапи во сила, граѓаните поделени околу „Новогодишната кошница“. За едни, цените се дури и повисоки, дел велат изборот на поевтини производи е голем. Првите луѓе на Министерството за економија и на Пазарната инспекција во обиколка на повеќе маркети низ Скопје. Проверуваа дали се почитуваат одредбите донесени од Владата.

Министерот за економија Бесар Дурмиши заедно со заменикоит и директорот на пазарен инспекторат Влатко Стојковски излегоа во обиколка на маркетите да проверат дали се почитува акцијата новогодишна кошничка. Велат мерката засега се почитува има само мали забелешки.
- „Тоа што ме радува е фактот дека за многу кратокт временски период стигна бројката на производите повеќе од 1100 од 95 трговци кои ги понудија да биадт производите да бидат ставени во новогодишната кошничка на 42 ланци на маркети, оваа бројка може да се надополнува може да се приклучуваат и другите трговци,“ рече Бесар Дурмиши министер за економија.
- „Освен ситни забелешки во смислол на соодветно обележување на производите и ситни корекции на цените кај два три трговски субјекта во поголеми размери не се забележани неправилности,“ кажа Влатко Стојкоски, директор на Државен пазарен инспекторат.

Граѓаните пак со многу забелешки. Велат производите незначително се намалени отккао претходно драстично се згоелемиле.
- Не приметив дека има намалување, истите цени се што пред тоа беа, ги симнаа па после ги качија и сега се тие што се нормалните меѓутоа тоа го сметаат како намалување. Па на најосновните продукти скоро исто, велат тие.
Во „Новогодишната кошничка“ се вклучени 95 трговци, 42 синџири на маркети и над 1.100 производи. Кошничките производи од 15 декември до 15 јануари ќе се продаваат по минимум 10 отсто поевтини цени. Надлежните повикуваат на почитување на мерката, а истовремено ги повикуваат граѓаните да пријават евентуални неправилности.




