Трамп: ЕУ мора да купува нафта и гас од САД или – „царини до крај“

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп синоќа изјави дека ѝ порачал на Европската унија дека мора да го намали трговскиот јаз со САД преку купување нафта и гас или ќе се соочи со царини, јави CNBC



„Ѝ реков на Европската унија дека мора да го надополнат својот огромен дефицит со Соединетите држави со големото купување на нашата нафта и гас. Инаку, „ТАРИФИ до крај“, објави Трамп на својата платформа Truth Social кратко по 01 часот по полноќ по средноевропско време.

Според податоците на САД, трговскиот дефицит на стоки и услуги на земјата со Европската унија бил 131,3 милијарди долари во 2022 година.

Висок дипломат на ЕУ, кој не сакаше да биде именуван поради чувствителноста на темата, изјави дека не се изненадени од коментарот на Трамп во петокот и дека енергијата е „добра опција“ за купување повеќе американски стоки.

Коментарот на Трамп доаѓа откако шефовите на државите на ЕУ во четвртокот го одржаа последниот состанок за оваа година, на кој беше тема Европа-САД.

„Пораката е јасна: Европската унија е посветена да продолжи да работи со Соединетите држави, прагматично, за зајакнување на трансатлантските врски“, рече претседателот на Европскиот совет Антонио Коста по состанокот.