ФБ-објава на денот: На Скопје другите градови можe вода да му носат

Во контекст на најавената санација на дефект на водоводната мрежа во Скопје поради која главниот град ќе остане без вода до надминување на проблемот, објавата на денот на Фејсбук доаѓа од реакција под статусот на режисерот и сценарист, а во основа дежурен мајтапчија на социјалната мрежа, Божидар Божиновски.



„На Скопје другите градови може вода да му носат“, коментира Светлана Караѓозовска под постот на битолчанецот: „Можи ќе нема вода ама барем е загадено…“.