Дали државната „ЕСМ“ ќе треба да подигне нов кредит и од каде, менаџментот на компанијата допрва ќе одлучува. Електрани веќе подолго време не работи најдобро и е со голем минус. Во буџетот пари за нив не се предвидени, но не им се овозможи ниту да аплицираат за унгарските пари кои владата ги презентира како прилично поволни во овие услови и реши да се пласираат кај приватните фирми и општините.
- „Нас ни беше овозможено да преговараме со комерцијалните баки и успеавме да договориме кредит по најдобри услови. Условите од унгарскиот кредит се за друга намена и апсолутно тие не биле предвидени за поддршка на ЕСМ“, вели генералниот директор на ЕСМ, Лазар Узунчев.

ЕСМ прикажа загуба од 22,6 милиони евра во третиот квартал година и со оваа бројка компанијата се најде на врвот на листата на министерството за приходи и расходи квартално за сите државни претпријатија.
Па, така ЕСМ пред извесно време за да се раздолжува успеа да позајми 80 милиони евра од неколку домашни банки, со повисоки трошоци од оние на бизнисот и локалната самоуправа. Но, од менаџментот на ЕСМ сметаат дека сепак успеале да земат поволен кредит на домашен пазар. Ако се случи да не можат да го враќаат, тоа ќе треба да го прави владата преку буџетските средства.
Државниот гигант за струја од почетокот на годинава е во минус и иако во однос на претходните квартали има мало намалување на загубите, се уште не влегол во позитивен биланс. Загубата е речиси еднаква на сумата која ЕСМ ја потроши да купи струја од берзите за да ги покрие потребите дома кои пак не ги испорачува РЕК Битола.

За декември ЕСМ потроши 14 милиони евра и тоа само за 15 дена. Сега, ЕСМ докупува струја за над 5 милиони евра и тоа е сума од 19 милиони евра за само еден месец. Електрани веќе подолго време работи со потешкотии и со финансиски проблеми. Но, државата одлучи да не ги помага со пари од буџетот, па така компанијата кај домашните банки се задолжи со 80 милиони евра кредит. На листата е и втората државна енергетска компанија, МЕПСО која во третиот квартал има добивка од пет милиони евра.
Само за овој месец за купување струја, ЕСМ ќе треба да плати околу 20 милиони евра, приближно колку нивната загуба. Со овој минус компанијата се најде на врвот на листата на загубари од финансии.





