Новогодишна честитка од РКЕ – од први јануари поскапува струјата

Од први јануари граѓаните ќе плаќаат за нијанса повисоки сметки за струја која во просек ќе поскапи за помалку од еден процент. Граѓаните кои со потрошувачка на струја влегуваат во првиот блок ќе имаат повисоки сметки за 0.68%, во вториот блок зголемувањето изнесува 0,9%, во третиот 1,93%, во четвртиот 2,24%, а евтината тарфиа поскапува за 0,9%.



  • „За првпат донесевме одлука во која е искористен контролниот механизам во однос на определувањето на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. ЕВН Хоум достави одлука на контрола и на разгледување во Регулаторната комисија и согласно нивното барање цената на домаќинствата требаше да се зголеми за 4,4 проценти…. Едно просечно домаќинство што во државата има сметка од 2 300 денари зголемувањето на цената ќе биде за 21 денар,“ изјави Марко Бислимовски – претседател на РКЕ.

Пред две недели  ЕВН ХОУМ или Универзалниот снабдувач до регулаторот  доставил предлог цената која требало да изнесува зголемување од 4,4 отсто. Регулаторот не ја прифатил. Бислимовски посочи и дека  со претходната одлука кога ја намалиле цената на мрежарината тоа отворило пат да имаат покомотна позиција во носењето на оваа одлука.  

ЕСМ на ЕВН ХОУМ магавт час од нова година ќе го продава по цена од 62 евра, што е далеку од релната производствена цена која изнесува некаде околу 136 евра за мегават. А од компанијата уверуваат дека во периодот кој следи и покрај финансиските проблеми и заемот од 80 милиони евра од комерцијалните банки ќе работи на намалување на просечната цена. Директорот Узнучев вели како компанија и сега се соочуваат со предизвици, о кој ќе бидат следните чекори засега нема детали. Во петокот посочи дека ЕСМ објавила и отворен повик за јавна набавка со скратени рокови од 20 дена за ископ на јаглен во РЕК Битола, но кој ќе копа наместо Маркоски компани, Узунчев вели ќе покаже времето.

БЛОКОВИПОСКАПУВАЊЕ ВО ПРОЦЕНТИЦЕНА ПО КИЛОВАТ ЧАС
1 блок+ 0,68%6,58 денари
2 блок+ 0,9%7,71 денари
3 блок+ 1,93%9,57 денари
4 блок+ 2,24%20,4 денари

Регулаторна за првпат го искористила контролниот механизам за утврдување на цената. Инаку, од Нова година мрежарината поевтинува за 7% и за сите блокови ќе биде со цена од 2,14 денари за киловат час. Дневната евтина струја останува од 13 до 15 часот, а за еден час плус ќе се прави анализа на пролет.