„Сомнително е зошто Ахмети деновиве се решава да замине на Косово токму денес кога се знае дека пред неколку дена таму избегал неговиот близок соработник Артан Груби. Гласините велат дека Ахмети го искористил овој момент и се сретнал со Груби, за да разговараат за последните случувања, за неговото бегство од * Македонија и ставање на американската ‘црна листа’!“ –о бјави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ од Македонија во својата вест со наслов „Ахмети во Косово: сомневања дека отишол да се сретне со Артан Груби“.
Во веста порталот дополнува: Денеска се очекува одлука да му се одреди притвор на Груби, поради случајот „Државна лотарија“.





