Груби го брани адвокат кој предходно застапуваше висок владин функционер кој заврши в затвор

Адвокатот Владимир Доневски е адвокатот кој во скопскиот кривичен суд пренесол дека екс вицепремиерот Артан Груби е подготвен да се врати во Македонија од Косово ако не добие притвор.



Доневски е поранешнен адвокат на Драги Рашковски, екс генерален секретар на владата која ја водеа Зоран Заев и Артан Груби.

Екс генсекот на владата Ташковски беше осуден на затворска казна за корупција и криминал.

Како што брифираа функционери на кои имаат блиски контакти со судските инстанци Доневски во судот како правен застапник ги пренесува пораките од својот клиент.

По покренувањето на случај против него адвокатот на Груби вчера во Кривичниот суд се произнесол за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор.

Адвокатот му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е подготвен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа.

Изворите во ДУИ не можат да кажат дали ако на Груби му биде одреден притвор тој ќе остане во бегство.

Судијата сеуште не се произнел за барањето притвор.