Средба Сиљановска – Јовановиќ, македонската претседателка ја прифатила поканата за посета на Србија

На вчерашната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова со српската амбасадорка Невена Јовановиќ, македонската претседателка ја прифатила поканата за посета на Србија.



Од кабинетот на претседателката информираат дека Сиљановска Давкова добила покана и за Експо 2027.

,Остварив средба со српската амбасадорка Невена Јовановиќ која ја реафирмираше поканата од претседателот Александар Вучиќ за моја официјална посета на Република Србија.

Ми беше задоволство да ја прифатам поканата за официјална посета, како и поканата за учество на специјализираната меѓународна изложба ЕXPO 2027, меѓународно признат настан, не само за Република Србија и регионот, туку и пошироко.

Продолжуваме да ги негуваме извонредните македонско – српски односи”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.