В сабота во Скопје ќе нема вода – од „Водовод“ молк

Голем дел од Скопје в сабота ќе остане без вода, поради санација на затворачи на главниот цевковод на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до улицата раскрсницата на булевар Партизански одреди со улицата Никола Парапунов. ЈП „Водовод и канализација“ ја сподели оваа информација до граѓаните, но притоа не прецизира кои точно улици или населби ќе бидат без пивка вода и колку време ќе биде потребно за санирање на дефектите. Веројатно, таквото известување дополнително ќе следува. Но, грашаните бараат итни одговори.



Последните информации говорат дека решение веќе е најдено со изготвување сложен оперативен план за санација и дека покрај отстранувањето на дефектот на затворачот, на оваа улица ќе биде извршена и санација на уште три дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од Ѓорче Петров до Карпош 4. Но, за да се изведе тоа, во моментот на отпочнување со санација неопходно е затворање на водата на главниот градски цевковод.

Засега, не е познато дали водата ќе секне на целата територија на Скопје, како што пишуваат дел од медиумите, или во одредени скопските општини, ниту колку долго ќе трае интервенцијата.

Од ЈП Водовод и канализација не сакаа да споделат дополнителни детали за решавањето на овој проблем. Најавената санацијата следи 10 дена по големиот дефект, на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде континуирано се излеваат огромни количини питка вода.

Од претпријатието преку социјалните мрежи соопштија дека долго време немало запирање на главниот цефковод и поради тоа побараа разбирање и трпение од граѓаните. Според претпријатието, со овој зафат покрај тоа што ќе се изврши санација на дефектите, ќе се лимитира загубата на вода во иднина.