Само во полошкиот регион за само шест месеци се поднесени 59 кривични пријави против 80 лица, јави ТВ21.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во овој период се поднесени 98 барања за поведување на постапка за прекршоци против 130 лица кај кои се пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хероин.
Покрај наркотици, имало и извештаи за оружје и експлозивни направи.
За ова во последните 6 месеци СПБ-Тетово поднесе 7 кривични пријави против 10 сторители поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Последниот случај беше оној од минатата недела, каде при контрола во куќата на 29-годишен маж во гостиварско Дебреш, покрај значителното количество готови лекови, биле засадени корени од канабис што тој го одгледувал…
Тетовската полиција изминатите денови е во потрага по распрскувачки материјали за огномет.
Портпаролот на СВР на Тетово вели дека продавачите или корисниците во зависност од штетата може да бидат казнети и до три години затвор.






