Вреди: Завршува на најлош начин режимот на ДУИ, на Ахмети, Груби и нивната клика, кои 20 години крадеа, се богатеа и ја злоупотребуваа власта!

Од коалицијата Вреди велат дека полициските акции за борба против корупцијата и организираниот криминал се доказ дека борбата против криминализираните лица ќе биде бескомпромисна и дека од сега па натаму ќе има нулта толеранција, без разлика на етничката припадност или позиција. „Непожелната“ – „нон грата“ партија ДУИ го завршува својот режим на најлош можен начин!“ – истакнува албанската коалиција Вреди во своето соопштение, кое го пренесува ТВ 21.



„Вреди“ посочува: Али Ахмети, неговата „сенка“ Артан Груби и кликата на ДУИ секој ден од овие две децении го искористија за збогатување на нивните џепови, за крадење и злоупотреба на власта, станувајќи синоним за криминал и корупција. Денес се јасни последиците: илјадници Албанци беа принудени да ја напуштат својата татковина во потрага по подобар живот. Вреди  е решена да ја поддржи бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, придонесувајќи за градење фер и чесен систем, кој го запира овој егзодус и обезбедува подобра иднина за секој Албанец. Од моментот кога станавме дел од Владата наидовме на сериозни прекршувања и неправилности на секое поле и во секоја институција. И покрај овие предизвици, Вреди работи со целосна посветеност на претворањето на овој неуспешен систем во функционален и ефективен систем, кој им служи на граѓаните, а не на интересовните групи.

Го поздравуваме  будењето на обвинителството, кое конечно изгледа дека започнува да ја врши својата работа во согласност со законот и очекувањата на граѓаните. Бегството од правдата на Артан Груби – „сенка на Али Ахмети“ и Прпарим Бајрами, двајцата лидери на коцкањето, кои се претставуваа „чисти како солза“, е уште едно потврдување колку многу тие ја злоупотребиле власта. На сите граѓани им гарантираме немаат од што да се плашат оние, кои чесно и професионално ја вршеле својата должност. Заврши времето на политички местења и елиминации. Институциите се посветени на постапување со секој случај фер и непристрасно, насочувајќи се кон прекршителите на законот, без да прават разлики.“ – велат од Вреди.