Пак вандализам во Капиштец, градоначалникот бара помош од полицијата

Група малолетници синоќа кршеле шишиња, палеле петарди и предизвикувале тепачки, со што директно го загрозуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните на Капиштец,



„Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага”, алармираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи

Очекува брза и ефикасна реакција со цел да се спречи некоја поголема трагедија.

И претходно, млади лица уништуваа урбана опрема, а потоа обија и возеа багер.