Видео од неколку минути открива зошто директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски е под постојан јавен напад од опозицијата, а пред се од СДСМ.
Во настап на трибина за состојбите во безбедносниот систем организирана од Факултетот за безбедност при универзитетот Свети Климент Охридски, Христовски открива зошто е тој опасен за опозицијата и за сите оние што сакаат Македонија да нема професионална и подготвена тајна служба за сите предизвици.
За само два месеци Христовски ги открил сите слабости на АНБ кои се случуваат со години, кои можат да донесат катастрофални последици за Македонија а никој не одговара за нив.
Во излагањето тој открива дел од работите што се случуваат во АНБ, како на пример дека службата е во многу полоша состојба од технички аспект отколку што била пред 5 години кога беше основана.
Во овој контекст Христовски дава фрапантни информации според кои архивата на АНБ не е дигитализирана и се се прави рачно во деловодна книга.
Не функционираат беспилотните летала кои вредат милиони евра.
Кај човечките ресурси АНБ е кадровски преполовена, има драматично влошување по однос на бројот на вработени и квалитетот на кадарот.
Дел организациските единици се останати без раководен кадар.
Постои генерациски јаз меѓу оние кои ја знаат работата и нововработените што е посебен проблем затоа што во АНБ не постои организациска единица за обука на агенти.
Она што посебно загрижува е што во АНБ нема ефикасна внатрешна контрола, оваа единица воопшто нема раководител.
Обраќањето на шефот на АНБ за хаосот што го затекнал во АНБ НА овој линк:
https://www.facebook.com/share/v/12FaUjNtQVK/
Целото видео од трибината е на МИА
https://www.facebook.com/share/v/1DuEV7FVBh/?mibextid=wwXIfr






