Николоски: Јункер беше чесен и ни кажа дека проширување на ЕУ нема да има

Стратешка одлука на големите земји-членки на Европската Унија, повеќе од десет години е да нема проширување, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во синоќешното гостување во „Само интервју“ на Канал 5.



Оттаму, вели Николоски, Никој не е наивен да влегува во играта на Бугарија на бескрајни условувања и вета, зашто проблемот е малку поголем од тоа што се претставува во јавност.

„Ако е ова последно да разговараме, а ако не е последно не сме наивни уште еднаш да страдаме и да имаме проблеми.

И мислам дека јас многу често сум зборувал за ова во јавност и стојам позади тоа дека проблемот е малце поголем од тоа што се претставува во јавност, а проблемот е стратешката одлука на големите земји-членки која што, за жал, е таква повеќе од десет години да нема проширување.

Последниот политичар којшто беше чесен во однос на процесот, беше политичар којшто од овие другиве коишто се нечесни беше исправен. А, тоа е Жан Клод Јункер којшто беше претседател на ЕК.

Тој беше доволно чесен да ни каже на сите дека проширување нема да има“, рече Николоски одговарајќи на прашањето што добиваме како држава со тоа што во моментов не влегуваме во формални преговори со ЕУ.