Германски суд маќеа за мајката Македонка, мајка за таткото со психички проблеми, три македонски деца во агонија

Македонката Марина во Германија мора да докажува пред суд дека не ги киднапирала сопствените деца кои сега се на непозната локација со таткото кој имал психички проблеми.



Канал 5 објавува дека на македонката Марина Лозановска –Шварцот наредните шест дена и се денови на исчекување на судското рочиште во судот во Минхен, каде треба да се докажува дали Марина ги киднапирала сопствените три деца или не од нивниот татко.

Се започнало кога Марина со сега бившиот сопруг по потекло од Австрија а живееле во Германија му кажала дека децата ќе живеат во Македонија. Тие биле во контакт и го информирала таткото дека децата учат во приватно училиште во Скопје. Таткото на почетокот на октомври пријавува дека не знае каде се децата и поднесува барање дека децата се киднапирани од неговата бивша сопруга.

Марина на 30 Октомври со помалиот син оди во Виена на преглед за детето. Таа била уапсена и 21 ден била во притвор.

Иако таа имала целосно старателство над трите деца, социјалните служби ги даваат децата на таткото.

Од тогаш почнува пеколот, таа не знае ништо за децата само еднаш најголемиот син и напишал порака дека не смее повеќе да ја контактира.

Таа пријавила во полиција и во социјалните служби но не добила никаков одговор.

Она што Марина и нејзините адвокати не им е јасно како може ништо да не се превземе за нејзиниот случај, а неа веднаш ја притвориле.

За случајот се запознати и македонски институции кои реагирале до институциите во Германија.

Канал 5 испрати писмо до Германската амбасада во Скопје за барање на одговор за овој случај но добиле одговор дека засега не може ништо да одговорат.

„Ве молиме за разбирање дека Амбасадата не може да даде никаква информација за евентуални тековни истражни постапки во Германија“.

За правата на Марина се собира петиција од десет илјади потписи со цел да се помогне таа да знае каде се наоѓаат нејзините деца.

За само неколку часа над 1000 луѓе се потпишале на петицијата со која се бара трите македонски државјани да се вратат во Макеоднија кај мајката

Линк до петицијата која може да ја потпишете во текстот

Петицијата за трите Македончиња да се вратат кај својата мајка потпишана од 1000 луѓе за неколку часа

Видео од сторијата на Канал 5