Полскиот премиер Доналд Туск по денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека двете земји остануваат во „еден тим“ за прашањата за војната во Украина и европската безбедност.
Но, Полска во моментов нема планови за испраќање странски војници во Украина, дури и ако се постигне прекин на огнот, рече Туск како што пренесува Ројтерс.
„Исто така, сакам да ги прекинам шпекулациите за потенцијалното присуство на војници од едната или другата страна во Украина по постигнување примирје, прекин на огнот или мир“, рече Туск.
„Одлуките за дејствијата на Полска ќе бидат донесени во Варшава и само во Варшава.
Се’ уште не планираме такви акции“, ја цитираше неговата изјава РБЦ-Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред три дена ја лансираше идејата за распоредување странски трупи во земјата додека не биде прифатено во НАТО, објави Ројтерс.
Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика контроверзии во Европа во февруари кога ја навести можноста европските нации да испратат војници во Украина.






