Истакнат про-Кремљ активист ги повика руските власти да го прогласат Дедо Мраз (Santa Claus) како „странски агент“, тврдејќи дека ги поткопува традиционалните руски вредности, објави Moscow Times..
Во писмото упатено до главниот обвинител и цитирано од „Њу Тајмс“, Виталиј Бородин тврди дека зголемената популарност на „западниот“ Дедо Мраз во Русија го загрозува Дед Мороз , културната фигура централна за новогодишните прослави во Русија.
Дед Мороз, замислен по потекло од Велики Устјуг во регионот Вологда, традиционално е придружуван од неговата внука и помошничка Снегурочка.
Тој беше клучна фигура за време на советската ера, отелотворувајќи го новогодишниот дух.
Сепак, по падот на Советскиот Сојуз и ширењето на западната култура и капитализам, Santa Claus станува сè поистакнат, особено во рекламирањето.
„Постои голема веројатност странските компании да го финансираат западниот имиџ на Дедо Мраз во Русија за да ги поткопаат традиционалните руски вредности“, предупредува Бородин.
Тој понатаму посочи дека феноменот е дел од поширока стратегија насочена кон замена на домашните традиции со странски симболи.






