Не’ чека пеколно жешка 2025-та година

 

Наредната 2025 година ќе биде третата најтопла година досега, веднаш по 2024 и 2023 година кои беа воедно и најтоплите во историјата на мерењето на температурите, предвидуваат научници.



Се очекува просечната глобална температура во 2025 година да биде најмалку 1,29 степени Целзиусови повисока од периодот пред индустриската револуција, а во одредени сценарија може да достигне и до 1,4 степени, предвидува британската Метеоролошка служба.

Податоците објавени од „Скај њуз“ ја потврдуваат загриженоста за континуираниот пораст на глобалните температури и климатските промени.