За само неколку часа над 1000 луѓе
ја потпишале петицијата за враќање на трите Македончиња кои по барање на таткото биле одземени од својата мајка и однесени во непознат правец.
Во петицијата се бара поддршка за итно враќање на трите деца, македонски државјани, кај својата мајка во Македонија.
,,Децата, на возраст од 9, 6 и 3 години, беа неправедно одземени од страна на германските институции и целосно отсечени од контакт со својата мајка, која со огромна пожртвуваност се грижеше за нив, особено во овој тежок период по разводот со нивниот татко.
Разделбата од мајката предизвика значителна траума кај децата. И покрај сите напори за воспоставување контакт, досегашните обиди останаа неуспешни поради недостаток на поддршка од надлежните институции.
Дополнително, децата беа целосно интегрирани во македонскиот образовен и воспитен систем, но сега, со нивното присилно отсуство, им е ускратено и ова основно право, што дополнително го нарушува нивниот развој.
Оваа ситуација претставува сериозна неправда и грубо кршење на правата на децата и нивната мајка. Затоа, бараме итна реакција од македонските и меѓународните институции за враќање на децата кај нивната мајка во Македонија, каде што ќе бидат опкружени со љубов, грижа и стабилност, неопходни за нивното физичко и емоционално здравје.
Вашата поддршка е од клучно значење за исправување на оваа неправда и за враќање на детството на овие деца.
Ве молиме, потпишете ја оваа петиција и помогнете да ги вратиме децата кај својата мајка”, пишува во петицијата која денеска за неколку часа ја потпишаа над 1000 луѓе од различни земји.
Петицијата може да ја потпишете овде
https://www.ipetitions.com/petition/peticia-za-vraae-na#comments
Повеќе детали






