Трите деца македонски државјани чија мајка Марина минала 21 дена во притвор во Минхен се уште се на непозната локација заедно со таткот кој имал забрана да ги гледа сам.
Трите дечиња на возраст од 3, 6 и 9 години кои до пред еден месец живееле во Скопје по скандалозната одлука на семејниот суд во Минхен се уште се наоѓаат на непозната локација и не можат да ја видат својата мајка Македонка која сега има австриско државјанство.
Мајката која има споделено старателство со децата, по пријава од таткото кој има сериозни психички проблеми минала во долг притвор и речиси еден месец не може да си ги види своите деца затоа што таткото ја пријавил дека без дозвола ги земала децата и ги однесоа во Македонија.
Судот во Минхен без судење пресудил децата да ги земе таткото иако тој се соочува со сериозни проблеми и до сега поради семејно насилство не смеел сам да ги гледа децата.
И покрај тоа што досега таткото децата можел да ги гледа само во присуство на социјален работник што значи дека тој од судот се сметал за потенцијално опасно лице со одлука на судот во Минхен добил можност да ги однесе децата надвор од досег на мајката која без никаква основа минала 21 ден во затвор.
Повеќе детали за скандалозниот случај во кој три македончиња се надвор од сите закони и хумана логика се одвоени од мајката во информацијата на expres.mk.






