Падна Дамаск, Башар ел Асад побегна (ВИДЕО)

Сириските бунтовници објавија на државната телевизија во неделата дека го собориле претседателот Башар ал Асад, елиминирајќи ја 50-годишната семејна династија во молскавична офанзива што ги зголеми стравувањата од нов бран на нестабилност на Блискиот Исток зафатен од војна.



Командата на сириската армија во неделата ги известила офицерите дека режимот на Асад завршил, изјави за Ројтерс сириски офицер кој бил информиран за потегот.

Башар Асад побегнал од Дамаск, објави Ројтерс, цитирајќи двајца офицери на сириската армија. Претседателот се качи на авион и замина на непозната дестинација непосредно пред аеродромот во Дамаск да биде преземен од бунтовниците.

Републиканската гарда не ја чува резиденцијата на Асад.

Бунтовниците влегоа во зградата на државната радио и телевизија и најавија крај на режимот на Асад.

Некои извори тврдат дека Башар Асад се качил на товар Ил-76 во правец на Русија, пренесува Ројтерс. Предметниот лет полетал од Дамаск, ненадејно ја изгубил височината во близина на Хомс и исчезнал од радарот.

Сириските бунтовници влегле во Дамаск без да наидат на сериозен отпор, пренесоа светските агенции.

Високите воени офицери од армијата на Асад наредија да нема отпор, а командата на бунтовниците им нареди да се држат настрана од државните институции, кои ќе останат под надзор на премиерот до формалниот трансфер на власта.

Премиерот на земјата изјави дека е подготвен да ја предаде власта. Сирискиот премиер Мохамед Џалали денеска изјави дека Сирија мора да одржи слободни избори за да му дозволи на својот народ да одлучи кој ќе биде на чело на државата, пренесе Ројтерс.

Во интервју за ТВ Ал Арабија, Џалали исто така рече дека имал контакт со бунтовничкиот командант Абу Мохамед Ал Џолани. Двајцата разговараа за управувањето со тековниот преоден период, што претставува извонреден развој во напорите за обликување на политичката иднина на Сирија.

Неколку часа претходно, локалното население собори статуа на таткото на поранешниот претседател Хафез Асад, а колони борци без отпор влегоа во јужните области на главниот град. Седнаја, голем воен затвор на периферијата на Дамаск, каде сириската влада држеше илјадници свои противници, беше заземен.

Граѓанската војна во Сирија, која трае од 2011 година, се разгоре кон крајот на ноември кога бунтовничкиот сојуз предводен од исламистичкото движење Хајат Тахрир ал-Шам започна ненадејна офанзива во северозападна Сирија.

Со брзиот напредок, бунтовниците презедоа контрола врз неколку градови, вклучувајќи ги Алепо, Хама и Хомс, пред да влезат во Дамаск доцна синоќа.