Град Скопје смета дека главниот град е украсен предновогодишно. Ова го тврди преку демант на критички текст објавен на порталот МКД.мк, а за кој се бара демант и јавно извинување ополномоштениот адвокат Трајче Арсов.
Во дел од демантот се вели дека „оваа година Град Скопје е меѓу првите градови во Македонија кој започна со предновогодишно украсување и тоа може да се види на лице место, за разлика од останатите градови споредени во текстот, како Битола, Охрид и Струга кои имаат најавено дека ќе украсуваат, но сѐ уште немаат почнато со украсување“.

Другите градови само најавиле дека ќе украсуваат, а сѐ уште немаат почнато, ги кодоши Арсов комшиите и енергично и со големи букви бара да го објавиме неговиот ДЕМАНТ и ЈАВНО ДА СЕ ИЗВИНИМЕ за „навреда и клевета“ и за изнесени „невистинити, манипулативни и тенденциозни тврдења“ со кои се повредувал угледот на Град Скопје (неговата шефица угледот на кутриот Град го повредува откако е стапена на функцијата и прави сите нејзини претходници, главно неодговорни и мрзеливи ликови, во споредба со неа да изгледаат како вредни и плодотворни градоначалници), објави МКД.мк.

Од таму сепак и натаму нема одговор дали ќе има организирана прослава за дочек на Нова Година.





