СДСМ го засили тимот со Жерновски

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија синоќа одржа седница на која беа избрани нови членови.



Андреј Жерновски екс-градоначалник на Центар и поранешен член на Либерално демократската партија (ЛДП) е новиот член на ЦО на СДСМ, заедно со Чедомир Саздовски поранешен пратеник од ГРОМ и Костадин Костадинов, поранешен в.д градоначалник на Струмица и актуелен пратеник.

На седницата лидерот на СДСМ најави разговори со други политички субјекти за зголемување на парламентарното мнозинство.