Јаарсма не го прифаќа српскиот став дека Бугарија ја блокира Србија заради Македонија

Екс холандскиот дипломат, аналитичар и експерт за Балканот Рајнер Јаарсма не го прифаќа српскиот став дека Бугарија ја блокира Србија заради Македонија.



Пред два дена Бугарија заедно со 7 други земји членки на ЕУ ја блокираше Србија при

Според холанѓанинот пред да ја почне кавгата со Македонија Бугарија веќе имала расправии со Србија.

Во Белград повеќето се убедени дека Бугарија се одмаздува на Србија за блискоста со Македонија.

,,По отпорот на Бугарија кон Србија при отворањето на „Кластер 3“, Вучиќ и српските медиуми сега се прашуваат „што некогаш направиле за да ја налутат Бугарија“. Тие заклучуваат дека тоа мора да вклучува врски со Македонија 🇲🇰, игнорирајќи дека расправиите на Софија со Белград им претходат на оние со Скопје”, пишува холандскиот експерт за Балканот.

Засега во српската јавност не е целосно јасно зошто и Бугарија им се приклучи на земјите кои и ставија вето на Србија.