За време на воената парада по повод независноста на Грција и востанието од 1821 година во најмалку пет наврати воениот оркестар ја свирел песната „Прочуена Македонијо“.
Песната говори за „набрканите Варвари“ и за Македонците кои не можат да живеат поробени и, дури и да загубат, сè уште ќе ја имаат нивната слобода.

Интересно е што мелодиската линија на химната на Грчка Македонија „Прочуена Македонијо“ е многу слична со песната која кај нас е позната како „Ој девојче, девојче ти тетовско јаболче“, во Србија како „Русе косе цуро имаш“, а свои верзии имаат и Албанија, Босна, Бугарија и Турција.
https://youtu.be/ytRUC2Y_0LI
Споредете со „Ој девојче, девојче“ од верзијата во исполнение на групата „Баклава“:




