Голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски, се најде во идеалната седморка на 10. коло во ракометната Лига на шампионите во изборот на ЕХФ благодарејќи на своите 13 одбрани со 45 проценти успешност во победата на македонскиот првак од 21:18 против Висла Плоцк во Битола.
На Митревски во тимот на колото друштво му прават Тим Фрајхефер од Фуксе Берлин, Јакоб Холм од Пари Сен Жермен, Томас Арнолдсен од Олборг, Недим Ремили од Веспрем, Марио Шоштариќ од Пик Сегед и Драган Пешмалбек од Веспрем.
Според ЕХФ, Митревски ја има и третата најдобра одбрана во топ 10 на колото.






