Оперскиот пејач Игор Дурловски го прослави својот роденден во домашен притвор.
Еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ преку својот фејсбук-профил ја објави пораката „Hello 41“, односно дека наполнил 41 година.
По 60 дена поминати во притворското одделение на затворот Шутка, оперскиот пејач беше пуштен во куќен притвор.
Два месеца откако беше уапсен, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифати предлогот на Обвинителство за организиран криминал ефективниот притвор за осомничениот за терористички дејства против државата да биде заменет со куќен.





