Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори

Уставниот суд на Романија денеска ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори, откако беа декласифицирани безбедносните документи и беше најавено дека процесот мора да се повтори, пренесува Ројтерс.



Во првиот круг од изборите на 24 ноември победи кандидатот на ултранационалистичката и проруска партија Калин Ѓорѓеску, а во вториот круг влезе и проевропската кандидатка Елена Ласиони.

Вториот круг на гласање требаше да се одржи на 8 декември.