САД најавија „лавина“ оружјe и милијарди заем за Украина пред Трамп да влезе во Белата куќа

Белата куќа ќе ја зајакне воената позиција на Украина, со „лавина“ воена помош и воведување нови санкции против Русија, објави Гардијан.



Последниот потег на Белата куќа доаѓа нешто повеќе од еден месец пред инаугурацијата на Доналд Трамп, кога САД може да ја сменат стратегијата во превец на прекин на огнот.

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан во четвртокот се состана со шефот на канцеларијата на украинскиот претседател Андриј Јермак повеќе од еден час, обврзувајќи се да и обезбеди на Украина стотици илјади дополнителни артилериски гранати, илјадници ракети и стотици оклопни возила до средината на… јануари, според брифингот споделен со Гардијан.

САД, исто така, нудат да обучуваат нови војници на локации надвор од украинската територија.

Ова доаѓа заедно со речиси најавен заем од 20 милијарди долари, кои ќе бидат поддржани од профитот од замрзнатите руски средства.
Покрај ова се најавуваат голем број нови санкции во следните недели, се со намера да ја комплицираат способноста на Русија да ги одржи своите воени напори и да ја зајакнат преговарачката моќ на Украина на преговарачката маса…