Приведен „пироманот“ кој опожари 3 возила и објект во Куманово

 Рано утрово во Скопје бил приведен Ф.А. (35) од Куманово, осомничен дека е сторител на опожарувањето на 3 возила и објект во Куманово, објави МКД.Мк.



Ф.А. се сомничи дека на 2 декември во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект.

Опожарен автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами!?

Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.