Норвешкиот суд објави дека го отфрлил барањето на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик за предвремено ослободување од затвор, каде што отслужува казна за убиство на 77 лица во најголемото мирновременско злосторство во таа земја.
На 22 јули 2011 година, неонацистот и исламофобот Брејвик уби осум лица со автомобил-бомба во Осло, а потоа 69 лица, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоја. Адвокатот изјави за NTB дека Брејвик ќе поднесе жалба на одлуката.
Судот го разгледа барање на Брејвик од ноември (второ по ред) за условно ослободување.
За време на тоа рочиште, тој рече дека нападот бил „неопходен“.
45-годишникот има отслужено 13 од 21-годишната затворска казна, максимална во времето на неговите злосторства, која може да се продолжи се додека тој се смета за закана за општеството.
Убиецот може да поднесе барање за условно ослободување една година по секое одбивање.






