Меџити ги повикува „албанските судии да не бидат на расправата за законот за јазици во Уставниот суд“, „за да нема легитимитет одлуката“

„Како и да биде, ве повикуваме да бидете внимателни, се надевам дека Уставниот суд ќе биде на линија со државните интереси, меѓуетничките односи и подобрата средина за сите.“ – изјави Изет Меџити, вицепремиер и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди, во врска со одлуката, која се очекува да ја донесе Уставниот суд околу некои делови од Законот за јазиците. Ова го објави ТВ 21 во својата информација со наслов „Оспорување на Законот за јазиците во Уставен суд, Меџити: Не се очекува албански судии да учествуваат на расправата, одлуката не може да има легитимитет“.



Во веста телевизијата дополнува: Меџити рече дека „се очекува на седницата да не учествуваат албанските судии, со што таа нема да има легитимитет одлуката, каква и да биде“. „Го следиме ова. Има и изјава од еден од албанските судии дека нема да учествуваат на седницата. Претседателот изјави дека мора да учествуваат сите судии за многу важни одлуки за државата и ако е некој отсутен, тогаш одлуката нема да има легитимитет.“ – нагласи вицепремиерот Меџити и еден од лидерите на коалицијата Вреди.