Преку измени во легислативата до дигитален простор без насилство и дискриминација

Со цел да се обезбеди институционален одговор на родово базираното насилство на интернет и да се овозможи подобра заштита на жртвите потребни се измени во правната рамка и зајакнување на меѓусекторската соработка. Ова се дел од заклучоците на Анализата на законодавството за родово-базирано насилство на интернет, изработена како дел од проектот „Сузбивање на сексуалното и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“. Во анализата се наведува дека се потребни измени во Кривичниот закониккако и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејното насилство. 



На презентацијата на анализата, помошникот министер за внатрешни работи Муамет Реџепи рече дека имајќи предвид оти со дигитализацијата се интензивира и сериозноста и размерот на родово базираното насилство во онлајн просторите, зголемена е и потребата од соодветен одговор, за преземање на конкретни активности од страна на Министерството за внатрешни. „Борбата против родово базираното насилство во дигиталната сфера, бара заедничка работа од страна на институциите, организациите, и сите нас како поединци. Клучни се едукацијата и подигнувањето на свеста за безбедноста на интернетот, како и посилни закони и механизми за заштита на жртвите“, потенцираше Реџепи.

Ана Чернишова, Заменичката постојана претставничка наУНДП во Северна Македонија, истакна дека не случајно настанот се одржува сега, како дел од иницијативата 16 дена активизам против родово базираното насилство. „Соподдршка на Република Кореја, УНДП презеде значајничекори за зајакнување на националниот одговор натехнолошки овозможеното родово базирано насилство. Во таанасока, работиме партнерски со Министерството за внатрешни работи, преку активности како што се обуки за полициски службеници и јавни обвинители, но и спроведување на кампањи кои имаат за цел да ги научатмладите како да идентификуваат, спречат и пријават онлајннасилство.“

Според Неда Чаловска Димовска, авторката на Анализа назаконодавството за родово-базирано насилство на интернет, постои правна рамка но потребно е дополнување, особено кај Кривичниот законик со цел целосно да са прифатат препораките на Истанбулската конвенција. Таа исто така кажа дека потребно е да се работи на градење капацитети за справување со овој проблем на полициските службеници, кадарот на судските институции, вработените во центрите за социјална работа и претставниците на Министерството за труд и социјална политика, демографија и млади со целподобро да го разберат и да го препознаат ваквиот тип нанасилство. „Академијата за судии и јавни обвинители требада осмисли и да воведе обуки на оваа тема, како дел одпочетната и од континуираната програма за судии и јавниобвинители“, рече Чалоска. 

Анализата е достапна на следниот линк

Проектот „Сузбивање на сексуално и родово-базирано насилство во дигиталната сфера“ УНДП го спроведува со финансиска поддршка на Министерството на финансии на Јужна Кореја.