Саем за вработување: Се потешко се наоѓаат добри работници

Претставници на 25 компании членки на Стопанската комора денеска директно разговараат и интервјуираат околу 130 невработени Роми во рамки на Саемот за вработување организиран од Ромалитико во соработка со Стопанската комора.



  • Ромалитико за првпат организира ваков саем како уникатна можност да ја помогнеме вработливоста кај ромската заедница. Целта на настанот е ромската заедница денеска да има директни интервјуа со приватните компании со цел побрзо да се вработат, изјави извршниот директор на Ромалитико, Елвис Шакири пред почетокот на Саемот за вработување што денеска се одржува во Скопје.

Нагласи дека Ромалитико во изминатиот период успеало да поврзе околу 420 невработени Роми со компании од приватниот сектор.

Претседателката на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора, Наташа Јаневска рече дека увозот на работна сила во земјава не се покажа како најдобро решение и додаде дека токму недостигот на работна сила е еден од клучните проблеми со кои се соочуваат компаниите поради што трпи и целата македонска економија.

  • Стопанската комора, која сака да го привлече работоспособното население во нашата држава, токму затоа организира вакви саеми за да можат компаниите да ги надополнат работните места со стручен кадар. Саемот треба да претставува можност и за останатите компании да дојдат до побрзо вработување на лицата кои се на располагање во нашата држава, а со тоа да придонесеме за поголема продуктивност на компаниите и на македонската економија, рече Јаневска.

Загрижувачки е недостигот на квалификувана работна сила особено во трговијата и во градежништвото, а дел од компаниите со кои разговараше „Слободен печат“, конкретно посочуваат дека најранлив е продажниот сегмент, но не помалку работници недостигаат во деликатесниот, месарскиот, пекарскиот дел, како и магационери, возачи и дистрибутери. Специјалистите за човечки ресурси на најголемите трговски синџири се едногласни дека работниците веќе не се проблем само во летниот период, туку и во целата година, а прстот го вперуваат во масовниот одлив на работна сила.

Судејќи според нивното масовно присуство на Саемот за вработување во организација на Стопанската комора и УСАИД, не помага ни понудата на сериозни бенефиции, стимулации, награди, обуки и помош за дошколување, бидејќи бунарот на работна сила во земјава полека го допира дното.

Според СКСМ, увозот на работна сила во земјава не се покажал како најдобро решение и токму недостигот на работна сила е еден од клучните проблеми со што се соочуваат компаниите поради што трпи и целата македонска економија.

  • Стопанската комора, која сака да го привлече работоспособното население во нашата држава, токму затоа организира вакви саеми за да можат компаниите да ги надополнат работните места со стручен кадар – нагласи Јаневска.

УСАИД е посветена на инклузивноста што ги зајакнува демократијата, човековите права и економскиот раст. Преку нашите програми, 420 Роми се вработија во приватни компании или преку грантови за самовработување. Овие програми ги надминуваат работните места – тие градат достоинство, безбедност и патишта кон подобра иднина, изјави денеска претставничката на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Џери Дајбл на отворањето на Саемот за вработување во Скопје.