ДУИ контра Јаневска: УЧК не „ништо“ за Албанците

 

Демократската унија за интеграција реагира на изјавата на министерката за образование Весна Јаневска според која „војската УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништо“, дадена во коментар на приредбата во с. Челоппек каде ученици биле облечени во воена униформа со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.



Комитите ги има во учебниците, војската на УЧК ништо не значи за државата, им одговори Јаневска на ДУИ

„Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на придонесот на Албанците во оваа земја.

УЧК не е „ништо“ за Албанците – таа е симбол на жртвување за еднаквост, правда и достоинство.

За Албанците, УЧК претставува борба за поправедно општество и за изградба на држава каде што секој граѓанин ќе биде еднаков.

Секој обид за негирање на оваа историска вистина е чин на дискриминација што ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија“ реагираат од ДУИ.

Велат „овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се величаат Комитите, а да се омаловажува УЧК, е доказ за двојните стандарди и недостатокот на искреност од оваа влада.