Коѕиас: Напредок има, ама ништо без уставна ревизија

Атина смета дека има напредок во преговорите за што министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го известил грчкиот премиер Алексис Ципрас.



Според грчките медиуми, разговорите во Скопје поминале во добра клима, меѓутоа и понатаму останува разликата во однос на македонскиот Устав.

Пораката од Атина по посетата на Коѕиас е драматична затоа што „грчката страна не отстапува од барањето за уставна ревизија, не само во однос на името туку и во однос на иредентизмот“.